Мицкоски: Мојата татковина, во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар посочи дека негово човеково право е како ќе ја нарекува неговата татковина и не очекувал талибански одност и цензурирање на тоа право. Тој порача дека не им се лути на некои други политичари од други земји кои не го кажуваат целосното име на нивната држава и затоа во секоја изјава неговата татковина ќе ја нарекувал Македонија.
„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а сѐ што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува предлог законот што денеска го поднесуваме е со придавката. Но, мое човеково право, загарантирано со многу конвенции е правото на изразување и говор. Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку крајот или дел од тоа име. За мене, мојата татковина, во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…
Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…
Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…
(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…
Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…
Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…
Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…
Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…