(Видео) Хаос во белградска Арена, Партизан и Ц. Звезда ќе продолжат утре!
Натпреварот меѓу Партизан и Црвена звезда кој беше прекинат во воведните минути од второто полувреме ќе продолжи утре пред празни трибини.
Мечот беше прекинат по две минути игра во вториот дел кога Партизан водеше со 57-45. Тогаш навивачите на домаќините од трибините почнаа да ги навредуваат кошаркарите и фунционерите од Црвена звезда.
Играчите на Партизан се обидоа да ја смират тензијата за мечот да продолжи, но наместо да се случи тоа, од трибините почнаа да летаат предмети кон клупата на Црвена звезда, по што кошаркарите на црвено-белите решија да се повлечат во соблекувалната.
Беше донесена одлука да се испразнат трибините и мечот да продолжи во празна сала. Навивачите на Партизан бараа од своите кошаркари да не го доиграат мечот, се создаде вистински хаос, полицијата не можеше да избрка дел од фановите кои не сакаа да заминат.
Последната одлука е натпреварот да се доигра утре пред празни трибини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Блиски роднини со тврд предмет тепале жена…
Жена од село во Велешко, кое полицијата…
Бројот на жртви во Колумбија надмина 100,…
Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде…
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…
Шок на британско пристаниште: кокаин вреден 230…
2,9 тони кокаин скриен во кутии со…