Објавено на:

САД не одобрува напади на Русија со американско оружје

t

САД не планираат да одобрат напади со американско оружје врз Москва и Кремљ, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

– Нема да дадеме дозвола за напади врз цели лоцирани на 200 милји (околу 322 километри) длабоко во Русија – рече Бајден, објаснувајќи дека Американците, од друга страна, му дозволуваат на Киев да користи американско оружје на конкретни цели во близина на украинската граница.

Претходно, да потсетиме, претставник на Стејт департментот рече дека американскиот претседател му дозволил на Киев да користи американско оружје за да напаѓа цели на руска територија што граничи со Харковската област.

Директивата на Бајден овластува употреба на американско оружје за удар на руските сили кои напаѓаат или се подготвуваат за напад, но не ја менува американската политика со наредба на Украина да не користи американски ракети ATACMS со среден дострел или други проектили за да напаѓа внатре руска територија, изјавија американски официјални лица.

Според „Волстрит журнал“, САД и дале дозвола на Украина да користи повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, ракетни системи GMLRS и артилерија за напади на територијата на Русија.

Сето ова доаѓа по предупредувања од Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера предупреди на можен одговор на испораките на оружје со долг дострел за Украина.

– Мислиме дека ако некој мисли дека е можно да се достави такво оружје во воена зона за напади на наша територија и да ни прави проблеми, тогаш зошто немаме право да го доставуваме нашето оружје од иста класа во тие региони на светот, каде што вршат напади врз клучните објекти на оние земји што го прават тоа против Русија – рече Путин.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека снабдувањето со оружје директно насочено кон Русија „не може да помине без последици“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…