Левица: Шверцерската реорганизација на државната управа да се тргне од дневен ред
На денешната Собраниска седница од новиот парламентарен состав, на Дневен ред се најдоа измените во Законот за организација и работа на органите на државната управа. На предлог на пратеникот Христијан Мицкоски, ДПМНЕ уште на втората седница на Собранието на Република Македонија продолжува со старата пракса на носење закони по скратена постапка.
Законот за организација и работа на органите на државната управа, претставува системски закон и преку овие измени, се менува организацијата и работата на Владата и министерствата, чија работа има директно влијание врз милиони судбини.
Левица цврсто стои на ставот дека системските закони кои се од огромна важност и баш поради ова не смеат да бидат менувани по скратена постапка.
Носењето на закони, чии текстови се менуваат на буквално неколку часа пред седницата е класичен шверцерат. Затоа, пратениците од Левица предложија оваа точката да се тргне од Дневен ред.
За барањето на Левица точката да се тргне од дневен ред, гласаа и пратениците на СДС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…