Мурињо ги одбра главните фаворити на ЕУРО 2024
Португалецот наброја четири репрезентации и верува дека „никој друг не може да го освои трофејот“.
Според него, изненадување би било доколку Италија го одбрани трофејот освоен на претходното ЕУРО 2020.
„Не сакам да ги омаловажувам претходните генерации што ги имавме, но во однос на длабочината и квалитетот на тимот, веројатно сме најдобри во историјата, Португалија може да го освои трофејот“, рече Мурињо и додаде:
„Се работи за верба, верба дека можат секого да победат. Не сакам да кажам дека Португалија е најдобриот тим на ЕУРО, но Шпанија, Франција, Англија, Германија не се подобри“.
„Најголемиот проблем за тренерот е да одбере кој ќе игра, бидејќи има два врвни десни бека, два врвни леви бека, двајца одлични дефанзивни играчи за врска…“.
„Ако има некакви изненадувања, ќе бидам изненаден. Франција и Германија секогаш прават добри резултати, Португалија и Англија се подобри од било кога. Овие четири репрезентации ги сметам за фаворити“, додаде новиот тренер на Фенербахче.
„Не сум сигурен за Шпанија, но фудбалот што го играат и играчите што ги имаат се со врвен квалитет. Италија или Белгија би биле изненадување“, заклучи португалскиот селектор.
Мурињо неодамна даде интересна изјава кога рече дека се надева дека ќе испаднат сите репрезентации во кои настапуваат неговите играчи, за што поскоро да му се придружат на подготовките за новата сезона.
Во тимот на Фенербахче дел од ЕУРО 2024 ќе бидат осуммина и тоа: Доминик Ливаковиќ (Хрватска), Миха Зајц (Словенија), Себастиан Шимањски (Полска), Душан Тадиќ (Србија), и турските играчи Мерт Мулдур, Ферди Кад’олу, Исмаил Јуксек и Ирфан Кахвеџи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…
Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…
Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…
Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…
Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…
Европската Унија останува стратешка цел на државата…
Недостигот на дизел може да продолжи и…
Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…
Трифонов со навреди за Македонците за случајот…
„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива…