Родители бараат прекин на наставата поради неклиматизирани училишта
Високите температури ја отежнаа наставата во дел од скопските училиште. Во основното Климент Охридски, зградата која е стара не е климатизирана, па единствено што можеа наставниците да направат е ширум да ги отворат вратите и прозорците.
Директорката Симоновска вели дека учениците и наставниците веќе губат концентрација, а имале и случаи каде на неколку основци им било лошо. Поради немање услови за одржување на настава, бараат на 10-ти јуни да заврши годината.
На иста линија и невладината „Промени се“. Оттаму сметаат дека македонските училишта немаат услови за одржување на настава на 40 степени. Бараат МОН да ја поништи одлуката и прашуваат кој ќе одговара доколку нешто им се случи на наставниците и учениците како последица од топлотниот бран.
Конечната одлука, дали ќе прекине наставата ја има министерот за образование. Јетон Шаќири, кој е во заминување од оваа функција и се чека да го каже поселедниот збор.
Ова е прва година како МОН одлучи да воведе пролетен распуст за учениците и да ја продолжи учебната година до 17-ти јуни. Во изминатите денови откако земјава е зафатена од топлотен бран, родители реагираа на социјални мрежи дека поради високите температури биле повикани во училиштата за да си ги земат децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…