Објавено на:

Го убил девојчето, па отишол да ги теши нејзините родители: Ова е чичкото од пеколот

t

Девојчето (11) кое е убиено во Грција, починало од рацете на нејзиниот чичко. Малата Василики, влегла во неговиот автомобил и набрзо била пронајдена мртва.

Чичкото (37) на распит го признал ова грозоморно злосторство, но не го навел мотивот за убиството.

„Ја однесов во шумата и ја убив“, рекол тој, пренесуваат грчките медиуми.

Тој утрото по исчезнувањето на девојчето отишол да ги утеши родителите на убиеното девојче, додека тие се уште верувале дека Василики е киднапирана. Во исто време на социјалните мрежи сподели “amber alert” информација за нејзиното исчезнување.

Откако родителите на Василики го пријавиле нејзиното исчезнување, полицијата ги прегледала безбедносните камери, кои го снимиле девојчето како влегува во автомобил. Набрзо било утврдено дека се работи за возилото на нејзиниот чичко.

Осомничениот за убиството на Василика беше уапсен во 2017 година за силување на 14-годишно дете.

Во 2020 година, тој беше осуден на Закинтос, но беше ослободен на условна слобода во очекување на пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега, според написите во медиумите, не е познато дали ја испочитувал судската наредба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови протести во Париз пред обраќањето на…

По мирното утро, улиците на Париз повторно…

Немирите се шират низ Италија, малолетници се…

Мирните протести во Италија против високите трошоци…

Проектил погодил гасна инфраструктура при вежба? Нови…

Експлозијата и смртоносниот пожар во канадската воена…

Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…

Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…

Карни потврди четворица загинати војници во базата…

Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека четворица…