На тригодишно девојче од Србија му растат три различни вида коса
Софија од Лесковац, Србија, има три години и „три вида“ коса. Ако се гледа од напред нејзината коса е кафена и права, во профил од едната страна девојчето има големи кафеави локни, а на другата страна на лицето, покрај кафените прамени, ќе видите и руси, ситни, или како што некои ги нарекуваат.
Нејзината мајка раскажува дека оваа необична коса почнала да расте по првиот роденден на Софија. Таа вели дека контактирала и со педијатар, но и со личните фризери сите ѝ рекле дека никој никогаш не видел такво нешто и не ја знаат причината.
Во однос на одржувањето, сè уште учиме и не знаеме што да правиме, особено што има три типа коса на главата. Ја чешламе само кога косата е мокра, вели мајката.
Пред извесно време се дозна и за две момчиња од Крагуевац и од Лебане кои имаат тн. „синдром на непослушна коса“ необична појава кога влакното расте нагоре и „му пружа отпор“ на чешлањето. Таткото на момчето од Крагуевац изјави дека за другото момче дознале на интернет, бидејќи педијатрите првпат виделе ваква коса. Мајката на Софија вели дека знае за случаите од соседните градови во јужна и средишна Србија, но вели, случајот со нејзината ќерка е нешто друго. За што точно се работи, сè уште не се знае.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…