Поради топлотниот бран лекарите со апел да не се излегува доколку не се мора помеѓу 11.00 и 17.00 часот
Пеколен топол бран ја зафати Македонија. Лекарите апелираат да се носи лесна и светла облека, да се пијат многу течности и доколку обврските го дозволуваат тоа, да не се излегува во периодт помеѓу 11 и 17 часот, кога темшпературите се највисоки и кога има најголемо УВ-е зрачење.
– Оние кои што поради работните обврски се изложени и морат да бидат присутни во тој период да се хидратираат со вода, без алкохолни пијалоци да бидат заштитени со лесна светла облека и капи, изјави Валентина Митрова, матичен лекар
Ако веќе мора да се излегува, посебно постарите граѓани тоа да го прават во периодот пред 11 и после 17 часот.
– Од раните утрински часови од 07:00 до 11:00 часот, после тоа не се препорачува ако нема потреба и не бараат обврските да бидеме изложени на овие високи температури кои што траат деновиве, додаде Митрова
Хроничните болни и трудниците се ослободени од работните обвски со наредба на Министерствто за здравство. За нив важи правилото да ја земаат препорачаната терапија од матичниот лекар и се повеќе да се консумира овошје и зеленчук.
– Да земаат лесни и чести оброци со избегнување на масна храна -пржена. Македонија е поднебје кое изобилува со зеленчук и овошје така да топло препорачувам тоа да биде исхраната.“ посочи Митрова
Во периодот кој следи метеоролозите најавуваат дека ни претстои уште еден жежок бран со високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…