ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти имињата на министрите во недела

t

Мандатарот за нова влада Христијан Мицкоски најави дека составот на неговата влада ќе биде доставен во Собранието во вторник, а претходно в недела, ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен комитет ќе ги потврди имињата на новите министри.

Одговарајќи на новинарски прашања на настан на ЗЕЛС, Мицкоски рече дека во новата влада ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, додека во опозиција ќе бидат СДСМ, ДУИ и Левица.

„Јас не би зборувал во името на другите политички партии и во името на нашите коалициони партнери, тие тоа што имаат да го кажат, ќе си го кажат самите. Што се однесува за коалицијата „Твоја Македонија “ и ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и нормално, во согласност со законите и Уставот. Овој викенд, во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам ИК и ЦК да се произнесат, а ако произнесување е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада, заедно со програмата на работа, на 18 јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.

Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата. Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.

Претходно, ТВ 21 објави неофицијален список со имиња на идните министри во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

извор; ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…