Објавено на:

Германија од 2000 година до сега отпишала 15,8 милијарди евра долг на странски држави кон неа

t

Од 2000 година Германија на странските држави им простила вкупно 15,8 милијарди евра долг, се вели во одговорот на Министерството за финансии на пратеничко прашање. Станува збор за 52 земји. Најголемиот долг, 4,7 милијарди евра, му е отпишан на Ирак, се вели во одговорот на прашањето на пратеникот на Алтернатива за Германија (АфД) Стефан Бранднер, што го пренесе агенцијата ДПА.

Следува Нигерија со 2,4 милијарди и Камерун со 1,4 милијарди евра. Берлин има склучено договор со секоја од 52-те земји.

Пратеникот на АфД се интересираше и колку другите земји во моментов ѝ должат на Германија. Заклучно со 31 декември минатата година тој долг се однесувал на 70 земји и на палестинската управа и изнесувал вкупно 12,2 милијарди евра. Најголеми должници на Германија се Египет (1,5 милијарди евра), Индија (1,1 милијарди) и Зимбабве (889 милиони).

„Целта на отпишување на долгот е да се постигне или зачува макроекономската стабилност и земјите должници да ја вратат одржливоста на долгот“, одговори Министерството за финансии. Покрај тоа, на презадолжените сиромашни земји им се помага да се борат против сиромаштијата.

Во случај на отпишани долгови, станува збор за пари од финансиска соработка со одредени земји, или побарувања на германски извозници и доверители, пред се банки, најмногу од 80-тите години.

Владата ги компензира извозниците и банките за нивните неплатени побарувања преку нејзиниот извозен кредитен инструмент Хермес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

Судот одлучи дека Германија не смее да…

И покрај пресудата во корист на мигрантите…