(Видео) Шкотски гајди ечат низ улиците на Минхен
Навивачите на фудбалската репрезентација на Шкотска, облечени во килтови и со препознатливите гајди, „маршираат“ низ улиците на Минхен пред отворањето на Европското првенство со дуелот против домаќинот Германија вечерва од 21 часот.
Шкотите влегуваат во своето второ ЕП едноподруго, првпат во нивната фудбалска историја, за што заслугите одат кај селекторот Стив Кларк, осоколени од победите над трикратниот европски првак Шпанија, како и против Норвешка и дебитантот на еврошампионатите Грузија во квалификациите. Предводена од капитенот на Астон Вила, Џон Мекгин, и од играчот за врска на Манчестер јунајтед, Скот Мектомини, стрелец на седум гола во осумте квалификациски настапи, „тартан армијата“ се остри за ново изненадување.
Од друга страна, Германците не можат да избегаат од фаворитската улога на стартот од првенството што го организираат, иако уште ги печат разочарувањата од двете елиминации уште во групната фаза на трите последни големи натпреварувања. Селекторот Јулијан Нагелсман немаше добар старт по наследувањето на Ханси Флик м инатата година, но победите над Франција и над Холандија во март ги подгреаја надежите на „панцерите“ за рекордна четврта европска титула.
https://x.com/seanmcgill8/status/1801302817661174013
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…