(Видео) Еден загина, еден е тешко повреден во пукање во супермаркет во Грција, купувачите панично избегалe
Едно лице е убиено, а друго тешко рането во престрелка што се случила во супермаркет во Пиреја кое се случи попладнево.
Првите сознанија од истрагата укажуваат дека дошло до пресметка меѓу тројца турски државјани, а клиентите кои биле во продавницата во моментот на инцидентот почнале панично да бегаат заедно со вработените.
Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен.
Според информациите, двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.
Наводно, убиениот почнал да го влече пиштолот, но не го допрел, бидејќи истрелот го усмртил на лице место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…