Објавено на:

Бајден ја продолжи уредбата за вонредна состојба на Балканот, донесена во 2021 година

t

Во изјавата објавена на веб-страницата на Белата куќа, Бајден наведува дека „дејствата на лицата кои ги загрозуваат напорите за мир и меѓународната стабилизација на Балканот, вклучително и актите на екстремистичко насилство и активностите за нарушување, како и ситуацијата на Балканот, која го попречува напредокот кон ефективни и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции“.

Тој смета дека овие акции претставуваат „вонредна и исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“ и затоа вонредната состојба на Балканот треба да остане на сила и по 26 јуни.

Првата ваква извршна наредба беше донесена на 26 јуни 2001 година.

Американскиот претседател последователно ја измени таа регулатива со Извршна наредба 13304 од 28 мај 2003 година, за да преземе дополнителни чекори во врска со одредени активности кои го попречуваат спроведувањето, меѓу другото, на Охридскиот рамковен договор од 2001 година во однос на Македонија, и 8 во јуни 2021 година, донесена е извршна наредба 14033, со која се прошири опсегот на вонредната состојба на национално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…