Инцидент на ЕП, сомнителни лица се шетале во хотелот на Србија!
Доцна синоќа во хотелот на српската фудбалска репрезентација во Аугсбург бил спречен инцидент откако припадниците на српското МВР реагирале при упад на три сомнителни лица.
Во хотелите во кои се сместени фудбалските репрезентации, не смеат да влегуваа лица кои не се дел од хотелот или не се гости кои уредно имаат платено смештај.
Но, српските медиуми јавуваат дека токму такви се појавиле во хотелот во кој е сместена нивната репрезентација.
Припадниците на српската полиција која ги чува фудбалерите морале да интервенираат за да ги отстранат сомнителните гости.
Било утврдено дека тие не се дел ниту од организацијата, ниту се гости на хотелот, нејасно е како успеале да влезат.
Претходно Србите информираа дека имало обид за провокации со упад на албански навивачи, но за разлика од овој случај, тие тогаш носеле јасни обележја на припадност.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…
„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…
Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…
Потерницата за Михајлова стигнала во бугарското МВР
Бугарското Министерство за внатрешни работи добило известување…
ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…
Адвокатите на Артан Груби се оградија од…
Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…
Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…