Објавено на:

Силјановска го прекори Путин: Русија се обиде да стекне територија на сила

t

„Обидот на Русија да стекне територија со сила е флагрантно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Мировната конференција што се одржува во Швајцарија. Во обраќањето, таа потенцира дека силно ја осудува неоправданата агресивна војна на Русија. Претседателката повика да се почитува меѓународното право.

„Сите треба да помогнеме за да се најде соломонско решение. Тоа значи праведно решение за Украина, решение што ќе гарантира постојан мир“, изјави Гордана Сиљановска Давкова.

Последно во Скопје, Сиљановска Давкова беше прашана како Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дали може да се очекуваат нови одлуки за испраќање на воена помош, а таа одговори дека ќе почека најпрвин да бидат избрани министрите за одбрана и надворешни работи.

Инаку, мировната конференција во Швајцарија, претседателката ја искористи да оствари средби со повеќе светски државници. Меѓу нив и со потпретседателката на САД, Камала Харис, германскиот канцелар Олаф Шолц, со францускиот претседател Емануел Макрон. Таа на конференцијата се обрати пред табела на која пишува „Северна Македонија“, но не откри дали уставното име било тема на разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Учествував во дебатата со господинот Мицотакис и имав куса средба, во која си честитавме на победите“, изјави Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска вчера се сретна и со полскиот претседател Анджеј Дуда. Како што соопштија од нејзиниот Кабинет, претседателката се заблагодарила на поддршката од Полска за македонскиот евроинтеграциски пат и порачала дека е клучно европската перспектива на земјите кандидати да не биде попречувана од вето поради, како што вели, ирационални билатерални прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…