Сестрата што изнесуваше цитостатици од Онкологија доби 2 години затвор, но избегала од Македонија!

t

Медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од Клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, а со намера да стекне материјално богатство, пишува „Слободен печат“. Според нивните информации пресудата е правосилна.

И покрај тоа што Османовиќ е осудена на 2 години затвор, таа како сопатничка во автомобил сопственост на машко лице излегла од земјава на граничниот премин Табановце уште пред да почнат судењата, па следствено ѝ е судено во отсуство, не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја изржува затворската казна.

За неа немало мерки на претпазливост како одземање на пасошот поради опасност од бегство пред да почне судската постапка.

Кривичното дело за кое е осудена младата медицинска сестра е проневера во службата.

Целиот текст на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…