Објавено на:

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН: Најмалку 4 лица загинаа, околу 120 се повредени

t

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Кашмар во североисточниот дел на Иран, пренесува „Иран Интернешнл“

Земјотресот се случил во 13 часот и 24 минути по локално време, објави локалниот гувернер во интервју за иранската државна телевизија.

Иран доживува просечно 10.000 земјотреси годишно, според ОН, а земјата сè уште се ја памети трагедијата во 2003 година кога земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го уништи историскиот град Бам, одземајќи животи на десетици илјади.

Минатата година, најмалку три лица загинаа, а над 800 беа повредени по земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Хој, провинцијата Западен Азербејџан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…