Филипче: Како иден претседател ќе го искористам целиот човечки потенцијал на партијата
Во текот на вчерашниот ден имав одлични средби со членовите во Карпош и Ѓорче Петров. Во отворен разговор ја презентирав програмата, но и моите ставови во однос на клучните партиски прашања кои во моментов се наметнуваат во јавноста, соопшти кандидатот на претседател на СДСМ, Венко Филипче.
– Често слушам дека се потребни целосно нови луѓе во СДСМ, а старите требало да си заминат. Ова според мене е погрешен пристап. Со ваков пристап се етикетира и исклучува огромно мнозинство на луѓе кои дале придонес во минатото.
Јас сметам дека секако нови луѓе се потребни. Ако бидам избран за претседател ќе развијам модел на привлекување квалитетни кадри, на млади и независни експерти кои ќе донесат свежина.
Но, да не заборавиме дека СДСМ е партија со голема историја. Во изминатите 30 години во и околу СДСМ гравитирале врвни професионалци, социјалдемократи и интелектуалци кои никако не смееме да ги отпишеме.
Како иден претседател ќе го искористам целиот човечки потенцијал кој го има партијата. СДСМ треба да се отвори за членови на минати раководства, за секој кој искрено сака и може да помогне да ја подигнеме партијата на нозе. Тоа е вистински пристап за обединување.
Им благодарам на сите кои досега ми дадоа поддршка и доаѓаат на средбите, тоа многу ми значи. – напиша Филипче на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…