Објавено на:

Трамп одлучил кој ќе му е потпретседател, а со него ќе се појави на дебатата во четврток

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека го избрал својот потпретседател и посочи дека тој ќе се појави со него на првата претседателска дебата во четврток, кога ќе се соочи со актуелниот претседател Џозеф Бајден.

Во интервју за Ен-Би-Си за време на неговиот престој во Филаделфија, на прашањето дали одлучил кој заедно со него ќе се кандидира за потпретседател на САД, Трамп рече дека „тоа му е во главата“. Трамп нагласи дека засега никој не знае кого избрал за потпретседател.

Извори запознаени со процесот на селекција изјавија за Ен-Би-Си дека главен кандидат за потпретседател на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември е гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс. Трамп минатиот месец рече дека има „добри шанси“ да го именува својот потпретседател на Националната конвенција на Републиканците, што ќе се одржи од 15 до 18 јули во Милвоки.

Гувернерот на американската држава Северна Дакота, Даг Бургум, кој важи за еден од главните кандидати за потпретседател на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, изјави дека не е важно кој ќе биде кандидат за потпретседател, бидејќи победата зависи само од Трамп.

Бургум, пред дебатата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, закажана за четврток, рече дека Бајден може да покаже зголемени способности за време на дебатата и дека тоа го направил пред четири години, објави Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Со пиштол и се заканувал на сопругата…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…

Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување

По тешките повреди што ги доби во…

ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…

План за атентат врз лице во Грција,…