Објавено на:

(Видео) Се запали кафуле во Нов Белград, огнот зафати станови и автомобили

t

Вишото јавно обвинителство во Белград му наложи на Третото основно јавно обвинителство да отвори предмет и заедно со полицијата да ја утврди причината за пожарот што синоќа избувна во ресторан на приземје од зграда на булеварот Маршал Толбухин во Нов Белград.

Потсетуваме, пожарот во Нов Белград кој избувна рано утринава е локализиран, но пожарникарите се уште работат на негово гаснење.

Пожарот избувнал во блиското кафуле, а набрзо се проширил на паркираните автомобили, а потоа и на зградата. Пожарникарите набрзо интервенирале, но додека пристигнале еден стан изгорел, додека неколку други биле делумно оштетени.

Причината за пожарот се утврдува, а за среќа нема жртви, ниту повредени.

Речиси и да нема стан кој не бил зафатен од огнот за време на пожарот што избувна во кафулето „Прајм“ на улицата Маршал Толбухин во Нов Белград, велат пожарникарите за N1.

Пожарот се проширил и биле зафатени и становите во зградата, јавува Н1, а според неофицијални информации зафатени се и неколку автомобили.

Првите три ката од зградата се тешко оштетени и прозорците се испукани вертикално Како што претходно соопштија од противпожарната служба, искршени се многу стакла во зградата, а сега се проверуваат становите за да не останал никој во нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…