Мисајловски – Агелер: Нашето стратешко партнерство ќе продолжи со засилен интензитет
Благодарност за досегашната континуирана поддршка од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави за развој на нашата земја особено за развој на одбранбените капацитети, изразил министерот Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, новото одбранбено аташе полковник Даниел Сквајерс и потполковник Шон Руфоло, шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка, која се одржала во Министерството за одбрана.
-Заедно со нашиот стратешки партнер ја зацврстуваме националната, регионалната безбедност и колективната одбрана во Алијансата. Мирен и стабилен регион е од особена важност за прогрес на сите земји од Западен Балкан, а македонската Армија како докажан сојузник ќе продолжи активно да придонесува во операциите за поддршка на мирот, потенцирал министерот Мисајловски.
Тој посочил дека САД во изминатите 30 години активно придонесуваат за стабилен регион, а благодарение на програмите за обука, тренинг и стручно усовршување, како и поддршката за модернизација и опремување на Армијата, денес припадниците на Армијата даваат значаен придонес во рамки на командните структури на Алијансата и во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за одбрана, од двете страни било искажано уверување дека одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет.
На состанокот, меѓу другото, се разговарало и за актуелната безбедносна состојба во регионот и на Европскиот континент во насока на зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот на граѓаните, како и за претстојниот Самит на НАТО кој ќе се одржи наредниот месец во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски жестоко му возврати на Трамп: „Не…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директна критика…
Фицо: Наскоро ќе точите скап американски дизел…
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше…
Шест полицајци ќе бидат суспендирани поради наводни…
Шест полициски службеници ќе се соочат со…
Во Пиринска Македонија одбележани Кресненското востание и…
Со положување венци и цвеќиња, пригодни говори…
ПОЛИЦИЈАТА „ЧЕШЛАЛА“ НИЗ СКОПЈЕ: Во акција приведени…
На 10/11.10.2026 во Скопје, на различни локации…