(Фото) Албанско знаме среде патриотската Влада на ВМРО-ДПМНЕ

t

Албанското знаме на централна позиција се најде на денешната таканаречена координација со првиот вицепиремиер на министрите од коалицијата Вреди.

Вицепремиерот Изет Меџити најави дека почнале со редовна координација со министрите на ВЛЕН, како што рече, за да се исполнат програмските определби.

Меџити рече дека оваа координација ќе се прошири и на замениците министри и другите кадри избрани и именувани од коалицијата ВЛЕН и додаде дека остануваат посветени на спроведувањето на предизборните ветувања.

„ОДИМЕ НА АКЦИЈА!

За да се исполнат нашите програмски определби, започнуваме со редовна координација со министрите на ВЛЕН, кои ќе обезбедат висок степен на владина ефикасност“ – пишува меѓу другото Меџити.

Се поставува прашањето дали Република Македонија има две паралелни Влади, односно дали ние впрочем живееме во две различни држави една со главен град во Скопје и друга како што велеше градоначалникот на Тетово, Биљал Касами со главен град на албанците во Тетово. Дали на едната држава премиер е Христијан Мицкоски, а на другата премиер е Изет Меџити.

Имено на ВМРО-ДПМНЕ и лично на премиерот Христијан Мицкоски устата им беше полна во предизборието со обвинувања дека СДСМ е помалиот партнер во Владата на ДУИ, дека во Република Македонија се случува процес на мајоризација на Македонците и дека ДУИ не ги почитува државните симболи и законот.

Дополнително Мицкоски ја плашеше македонската јавност дека Македонија има два премиера едниот во Мала Речица одговорен за случувањата во Западна Македонија, а дугиот во Скопје одговорен за останатиот дел од државата

Сепак денес немаше никаква реакција од Мицкоски за албанското знаме среде македонската Влада на средба на министри на Република Македонија, ниту пак за параинституционалниот пристап на Изет Меџити и коалицијата Влен.

Смешно беше и објаснувањето на Мицкоски се уште постои функцијата прв вицепремиер иако соогласно Закон и Устав такво нешто не смее и не може да постои.

На кратко тој посочи дека тоа е незаконски, но сепак било дел од џентлменски договор помеѓу него и Влен.

„Според законот којшто е важечки, претседателот на Влада има заменици, а џентлменскиот договор во рамките на коалицијата е да има прв вицепремиерот и тоа ќе биде Изет Меџити. Но, тоа е надвор од законот, законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков“, рече Мицкоски на поставувањето на камен темелник на школо во Драчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…