Мицкоски се правда – викаме Северна: Не се согласуваме и во целост ги отфрламе наводите за наводно кршење на Договорот од Преспа од клучни личности во државата

t

Политички „пинг- понг“ меѓу Скопје и Атина, Преспанскиот Договор ставен и на масата во Брисел, македонската влада возврати – нема прекршување на спогодбата.

Откако Киријакос Мицотакис изјави дека Сиљановска и Мицкоски го прекршуваат Договорот од Преспа и дека ја известил ЕУ, реагираше владата- изјавата на грчкиот премиер е неточна.

Од Илинденска бр 2 за ТВ 24, велат, дека обврските од Преспанскиот договор се двонасочна улица, а ЕУ да ја оценува земјата врз основа на реформите.

– Во целост ги отфрламе наводите за наводно кршење на Договорот од Преспа од страна на клучните политички личности во државата, и превземените обврски согласно Уставот. Истакнуваме дека државата продолжува да ги почитува превземените обврски од Договорот од Преспа во сите негови аспекти, вклучувајќи го тука и употребата на името “Македонија”, како и името “Северна Македонија” во соодветни формати и прилики утврдени со Договорот и Уставот на државата. – велат од Влада на Република Северна Македонија.

Грчкиот премиер Мицотакис пак дециден – ЕУ перспективата на земјата поминува преку почитување на меѓународните договори. Порача дека за време на Европскиот Самит во Брисел, ги информирал лидерите на земјите – членки дека официјално Скопје го игнорира уставното име на државата.

– Ги информирав моите колеги во Европскиот совет за случувањата во Северна Македонија, за фактот што и претседателката и премиерот всушност директно го прекршуваат Договорот од Преспа, игнорирајќи го во пракса ерга омнес и избирајќи да користат друго име од уставно дефинираното име на државата за внатрешна употреба . Јасно ставив до знаење дека доколку Скопје инсистира на оваа линија, во суштина, тоа ќе го отежне, ако не и практично, ќе го поништи секој процес на непосредна конвергенција со европското семејство. Така што мислам дека секој треба да ги сфати последиците од своите постапки. – изјави Мицотакис.

Реагираше и грчкото МНР. Од таму велат дека шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, детално ги посочил прекршувањата од македонска страна, пред Советот за надворешни работи во ЕУ. Порачуваат и дека ова прашање е покренато на меѓународно ниво од страна на грчката влада, како и дека раководството на Македонија секојдневно се повеќе се оддалечува од добрососедските односи, кои пак го сочинуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…