Објавено на:

Србија ќе знае решително да одговори на заканите за тероризам, вели Вучевиќ за нападот врз полицаецот пред израелската амбасада во Белград

t

Ова беше чин на лудило, кое не може да се припише на ниту една религија и ниту еден народ, порача српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој го осуди нападот врз полицаецот пред амбасадата на Израел во Белград и го оцени како терористички акт.

„Тоа е кривично дело извршено од поединец со име и презиме. Затоа, ги повикувам граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на пропагандата на тие што би сакале да не поделат меѓусебно,“ изјави Вучевиќ на прес-конференција.

Претходно и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ порача дека дека станува збор за акт на тероризам. Тој соопшти дека има сознанија оти зад напаѓачот стои вахабистичко движење и дека превентивно се уапсени уште неколку лица во близина на полициските објекти.

Околу 11 часот пред амабасадата на Израел во Белград, со самострел беше застрелан припадник на Жандармеријата кој работел на обезбедување на амбасадата. Тој во самоодбрана употребил огнено оружје и го совладал напаѓачот, кој им подлегна на повредите.

Како што објави РТС, напаѓачот повеќе пати се приближувал до полициската куќа за обезбедување за да праша нешто, а потоа ја отворил вратата и го застрелал во вратот припадникот на Жандармеријата.

Српските медиуми пренесуваат дека полицаецот е на Клиниката за ургентна хирургија каде е завршена операцијата и дека тој е во стабилна состојба на интензивна нега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…