Неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци ќе се исплаќа од утре

t

Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, а нереализирана од претходното владино раководство, Министерството за образование и наука информира дека ќе започнат да се исплаќаат од понеделник, информираат преку соопштение од Министерството за образование и наука.

На првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од утре.

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години.

Со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат, стои во соопштението ресорното министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…