Во Црна Гора е уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград
Шефот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Нинослав Чмолиќ денеска изјави дека црногорската полиција ја уапсила сопругата на терористот Милош (Салахудин) Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при нападот на жандармите пред израелската амбасада.
– МВР на Црна Гора набрзина стигна до сопругата на терористот, и беа одземени сите електронски уреди и ќе биде кривично гонета. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за одржување на редот и мирот и заштита на нашите граѓани – рече Чмолиќ.
Потсетуваме, Жујовиќ вчера околу 11 часот пред Амбасадата на Израел во Белград со самострел го застрела во вратот припадникот на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34).
Припадникот на Жандармеријата кој беше ранет од напаѓач со самострел, Милош Јевремовиќ (34), вчера бил опериран во Ургентниот центар, каде му била извадена стрелата од вратот и тој е во стабилна состојба.
Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.
– Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле „врска“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српски Курир запознаен со случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…