Објавено на:

БПЦ доби нов поглавар, видинскиот митрополит Даниил стана бугарски патријарх

t

Видинскиот митрополит Даниил денеска е избран за нов бугарски патријарх и митрополит софиски, а во црквата „Свети Александар Невски“ се одржа церемонијата на неговото устоличување, информира Бугарската национална телевизија (БНТ).

Новиот патријарх со литија ја напушти Синодалната палата и пристигна во Соборниот софиски храм. Верниците пред и во црквата извикувале: „Достоен“.

Бугарскиот патријарх е избран во вториот круг, во кој кандидати биле тој и митрополитот врачански Григориј. За митрополитит Даниил гласале 69, а за митрополитот Григориј 66 делегати. Имало три неважечки ливчиња.

Од Бугарската православна црква (БПЦ) преку соопштение ја објаснија целата процедура за избор на новиот патријарх, а го посочуваат детално и текот на гласањето во двата круга.

„Денеска во Академската сала на Бугарската академија на науките во Софија се одржа патријаршискиот изборен црковен собор за избор на нов бугарски патријарх. Во 8:30 часот по бугарско време започна првиот круг за избор на бугарски патријарх, при што митрополитот ловчански г. Гаврил освои 19 гласа, митрополитот Видински Даниил освои 51 глас, а митрополитот врачански Григориј освои 64 гласа. Потоа, откако беа подготвени ливчиња со имињата на двајцата кандидати за патријаршискиот престол, за митрополитите Григориј и Даниил, се одржа и вториот круг гласање, при што за митрополит софиски и патријарх бугарски беше избран видинскиот митрополитот Даниил со 69, додека врачанскиот митрополит Григориј имаше 66 гласа“, се вели во соопштението од БПЦ.

Даниил Видински е роден во 1972 година во Смолјан под името Атанас Николов. Во 1997 година се запишал на Богословскиот факултет во Софија, а истата година станува послушник во Хаџидимовскиот манастир „Св. Георги“, каде што по две години станува монах и е ракоположен за јероѓакон.

Во 2004 година е испратен на послушание во Роженскиот манастир „Рождество Богородично“, каде што е ракоположен за јеромонах, а две години подоцна станува архимандрит. Во 2008 година по одлука на Светиот синод станува епископ во храмот „Св. Александар Невски“. Назначен е за викар последователно на неврокопскиот митрополит Натанаил и митрополитот на САД, Канада и Австралија, Јосиф. На 4 февруари 2018 година е избран за видински митрополит.

Претходниот поглавар на Бугарската православна црква и митрополит на софиската епархија, Неофит (79), почина по долго боледување на 13 март годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…