Објавено на:

Почина славниот албански писател Исмаил Кадаре

t

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст, јавија албанските медиуми.

Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Бил академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание (1970-’82), потпретседател на Демократскиот фронт и еден од најголемите современи писатели.

Пишуваше главно проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите.

Започнал да пишува уште кога бил млад, прво поезија, со која станал познат, а потоа проза, станувајќи главен албански прозаист. Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот. Тој е еден од најбрилијантните современи писатели, неколкупати номиниран за Нобеловата награда за литература. Најпознато негово дело е „Генералот на мртвата војска”.

Во 1996 година Кадаре стана постојан член на Академијата за морални и политички науки во Франција. Тој е добитник на многу меѓународни награди. Во последните години, тој со сопругата Елена живееа на релација Франција- Албанија.

Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…