Филков – Агелер: Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот процес
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупцијата, состојбите во правосудството, затворите, како и обезбедување на услови за непречено спроведување на предвидените активности, информираат од Министерството за правда.
Амбасадорката Агелер му посакала успешна работа на Филков и посочила дека очекува реализација на реформската законодавна агенда.
Министерот за правда Игор Филков порачал дека промени мора да се испорачаат брзо затоа што граѓаните бараат резултати.
-САД се наш најголем стратешки партнер и силен сојузник за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската унија, се вели во соопштението од Министерството за правда.
На средбата била потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји како и продолжување на досегашната соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…