Паднати дрвја, оштетени возила, откорнати кровови – штети од невремето што го зафати попладнево Скопје
Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати кровови се дел од штетите предизвикани од пладневното невреме со силен ветер кое зафати делови од Скопје.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на бројот 112 биле добиени пријави за 16 паднати дрвја, три оштетени возила, седум кабли откачени од бандери, три откачени и оштетени кровови.
Паднати дрвја имало на булеварите „Климент Охридски“ и „3-та Македонска Бригада“, како и на улиците „Јуриј Гагарин“, „12-та Македонска Бригада“, во близина на Воен базен на патот према касарната и во населбата Сопиште.
Од населбата Карпош, како што информираат од ЦУК, биле стигнати пријави за откачен кров од приватна куќа на улицата „Јуриј Гагарин“, а во Козле имало пријава за откачен лим од приватна куќа.
Од ЦУК денеска информираа и за една повредена жена откако дрво паднало врз неа на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…
(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…