Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход
Откако 32-годишна жена од тетовско, почина на скопските клиники по влошување на состојбата по операција за вадење камен во бубрег, нејзиниот сопруг бара да ја дознае вистината – зошто завршила со смртен исход.
Во телефонски разговор за Телма објаснува дека по направените првични анализи и лекарските совети, на 19 јуни на Клиниката за Урологија ѝ била направена првата интервенција, а поради крварење била вратена во операциона сала, при што и бил отстранет бубрегот, по што била префрлена на КАРИЛ, каде починала околу 1 часот по полноќ.
САКАМ ДА ЗНАМ ШТО СЕ СЛУЧИЛО , ЗАТОА ШТО ПРАВЕШЕ АНАЛИЗИ И НЕМАШЕ ДРУГИ ПРОБЛЕМИ. ЈА ЗЕДОА ВО САЛА ВО 12 ЧАСОТ, ДОДЕКА ЧЕКАВ ДА ЈА ПРЕНЕСАТ ВО СОБА, МИ КАЖАА ДЕКА ИМАЛА КРВАРЕЊЕ И ДЕКА ТРЕБА ПОВТОРНО ДА ИНТЕРВЕНИРААТ, ПРИ ШТО МОРАЛО ДА И ГО ИЗВАДАТ БУБРЕГОТ. БИЛА ПРЕФРЛЕНА НА КАРИЛ. ТРЕТПАТ ИНТЕРВЕНИРАЛ И АБДОМИНАЛЕН ХИРУРГ. МИ БЕШЕ ЈАВЕНО ДЕКА СОПРУГАТА ПОЧИНАЛА, НИ ИЗЈАВИ СОПРУГОТ.
Сопругот вели дека ако треба ќе оди и преку правен пат, затоа што сака да ја знае вистината зошто толку се влошила сосојбата и починала.
МОЖЕ СЕ СЛУЧИЛО КАМЕНОТ ДА ГО ОШТЕТИЛ БУБРЕГОТ, ГО ИЗВАДИЈА БУБРЕГОТ , НО ЛУЃЕ ЖИВЕАТ И СО ЕДЕН БУБРЕГ ИЛИ ОДАТ НА ДИЈАЛИЗА. ШТО ЛИ СЕ СЛУЧИ? ТАА НЕМАШЕ ДРУГИ ЗАБОЛУВАЊА. ИМАМ СИН 5 ГОДИНИ, СО НЕГО СЕ ПОРОДИ НОРМАЛНО, РЕЧЕ ТОЈ.
Резултатите од обдукцијата сопругот се ги уште чека. Добил отпусни писма од двете клиники, во кои е напишано дека по операцијата состојбата и се влошила со пад на притисокот и крварење, по што биле дадени крвни деривати, а поради понатамошно влошување била внесена во сала и бил изваден бубрегот, а потоа била префрлена на КАРИЛ каде и покрај сите преземени мерки настапила смрт.
Од Клиниката за урологија до завршување на прилгот не добивме одговор.
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…
Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…
Рударските општини во Македонија располагаат со сè…
Велес со нов рекорд: Направена пита долга…
Со сечење на џиновска пита долга 4,4…