Од кога повеќе евтина струја преку ден? Увозот на струја во моментов е на најниско историско ниво
Граѓаните од вчера трошат струја која е зголемена минимално, а со измените на законот за енергетика се спречи граѓаните да добиваат две сметки.
-Реално има незначителна промена на цената, за 88% од домаќинствата зголемувањето е 0,4%, изјави Марко Бислимовски.
ТВ21: Колку тарифните блокови го дадоа очекуваниот резултат или она што беше планирано?
-Имаше домаќинства кои користат електрична енергија несоодветно и од тие причини ги воведовме овие блокови со цел влијаеме на намалување на потрошувачката на електрична енергија, тие се применети од јули 2022 година и да дадоа соодветни резултати и во текот на 2022 имавме намалување на потрошувачката на домаќинствата и во 2023 тој тренд продолжува некаде 10% е намалувањето, вели Бислимовски.
Во однос пак на евтината тарифа, првиот регулатор вели дека откако е вратена евтината тарифа од во попладневните часови помеѓу 13.00 и 15.00, повеќе од половина од потрошувачката на домаќинствата е во рамки на овој интервал.
-52,7 проценти од потрошувачката е во евтината тарифа, а остатокот е во скапата тарифа. Значи, голем дел на количини на електрична енергија се прелеале во евтината тарифа, изјави Марко Бислимовски, регулаторна комисија.
Тој најави дека до крајот на месецот ќе биде соопштено какви се плановите со воведувањето на третиот час евтина тарифа. Бислимовски открива дека во моментов увозот на струја е на најниско ниво, а 97% е македонска енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…
Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…
Рударските општини во Македонија располагаат со сè…
Велес со нов рекорд: Направена пита долга…
Со сечење на џиновска пита долга 4,4…