Објавено на:

Бајден го поздрави ангажманот на израелските преговарачи за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа

t

Претседателот на САД, Џо Бајден, во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ја поздрави одлуката на израелскиот премиер да овласти преговарачи кои заедно со американските, катарските и египетските посредници да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува и дека заедно со прекинот на огнот ќе оди и ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас.

Во телефонскиот разговор Бајден „ја потврдил својата цврста посветеност на безбедноста на Израел, вклучително и во справувањето со заканите од терористичките групи поддржани од Иран, како што е либанскиот Хезболах“.

Претходно, неименуван израелски претставник изјави дека Нетанјаху подготвува екипа за обнова на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Неговата одлука уследи откако вчера Хамас предложи етапен прекин на огнот.

Сè уште нема информација кога и каде би се одржале преговорите.

Преговорите се во застој откако Хамас инсистираше Израел да се согласи на целосен прекин на војната и повлекување на израелската армија од Појасот Газа. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

ДЗС: Во Прилеп безбедно отстранета 75-милиметарска артилериска…

Тимот пиротехничари на ДЗС во градот Прилеп…

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…

Се размислува за електронска наплата за патарините,…

Се размислува за воведување електронска наплата на…

Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…

Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…