Мбапе наместо за мечот со Португалија, зборуваше за изборите
Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе на прес конференцијата пред четвртфиналниот меч со Португалија зборуваше за изборите во Франција. Партијата на претседателот Емануел Макрон оствари катастрофални резултати на европските избори поради што е распуштен Парламентот. Закажани се избори, а престојниот викенд се изборите со тоа што „десницата“ е во предност во однос на партијата на Макрон.
А Мбапе е повеќе загрижен за изборниот процес отколку за мечот со Португалија.
„Мораме да излеземе на избори, не можеме да ја оставиме земјата во рацете на овие луѓе. Минатонеделниот резултат беше катастрофален и се надеваме дека луѓето овој викенд ќе гласаат за вистинската страна. Ние сме таа генерација која може да направи разлика. Гледаме дека екстремисти чукаат на вратата на моќта и имаме шанса да ја обликуваме иднината на нашата земја“, изјави Мбапе.
Мбапе ги повика Французите да не гласаат за крајната десница, а му се приклучија и некои други репрезентативци. Тој се труди да ги убеди луѓето да гласаат за Макрон со кој лично се познава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагична изјава на Јаневска: Министерката за ОБРАЗОВАНИЕ…
Во пресрет на новата учебна година, новата…
Мали: Србија е на прво место по…
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…
(Видео) Претреси во штипско, лишени од слобода…
На 08.08.2024 во 07 часот во с.Селце,…
Биткоинот за првпат го преминува прагот од…
Цената на биткоинот за прв пат го…
Уште еден тинејџер е уапсен во Виена:…
Уште еден млад човек (18) е уапсен…