Експлозивно средство пронајдено при рушење на објект во село Грушино
РЦУК Скопје, известува дека од 112 на ЦУК, вчера попладне е добиена пријава дека при рушење на објект во с.Грушино, во близина на основното училиште, било пронајдено неексплодирано експлозивно убојно средство.
Од РЦУК Скопје, известени се ДЗС Скопје, од каде известиле дека за подигање на опасниот предмет ќе интервенираат во текот на утринските часови денеска. Инаку, превентивната препорака до тие што че најдат неексплодирани убојни средства (НУС) да не ги фаќаат и да не ги поместуваат туку едноставно да ги пријават на 112 во ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 2.000 повици на 112 во последното…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…
ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…
РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…
Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…
Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…
Четири пожари на отворено во последното деноноќие
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…