СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на платите не е приоритет
ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја замајува јавноста дека буџетот бил во катастрофална состојба како да поминало цунами и затоа ќе немало за покачување на минималната плата. СДСМ за седум години минималната плата ја покачи од 8.000 на 22.000 денари во услови на светска економска апокалипса. Тогаш беше вистински тешко и беше потребна магија за да се реализираат ветувањата, но на СДСМ работниците му беа важни, велат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за работниците и покачувањето на платите. Една од најдобрите и широко прифатени политики на СДСМ очигледно не е во интерес на Мицкоски, иако ветуваше пред изборите дека ќе се покачува минималната плата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат онаму каде што застанаа, а тоа е поддршка на крупниот капитал на сметка на работниците.
СДСМ во својата програма вети дека до 2025 минималната плата ќе биде 500 евра и за тоа имавме јасен буџетски план што Мицкоски воопшто го немал кога ветуваше брда и долини. Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ, кој решил милијардата од Будимпешта да ја троши на непродуктивни инвестиции кои ќе значат одлив на пари, да се посвети на стандардот на работниците кои седум години СДСМ го штитеше во најтешките времиња за нив“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…