Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина уапсени
Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР
Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.В.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети.
Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М. .
Тие се задржани вополициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крвава пресметка во Карпош – ученици се…
Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се…
РобусТна бесмислена мерка: Од денеска јавно ќе…
Од денеска стапува на сила нова обврска…
Ќе се ограничат маржите на 10 отсто…
Владата го задолжи Министерството за економија да…
Бојкот на маркетите поради високите цени на…
Во Хрватска почна бојкотот на продавници, малопродажни…
Толку од „пониските“ цени: Заврши владината мерка…
Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка…