ДУИ: Таравари ја остави Општина Гостивар со над 15 милиони евра долг

t

Ваљбон Лимани е избран за вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар. Досега беше претседател на Советот на општината. Лимани во своето обраќање пред советниците од општината рече дека ќе продолжи со проектите кои се започнати и ветени.

„Приоритетите остануваат исти до крајот на мандатот. Остануваат уште една година и три месеци, ветувам дека во ова преостанато време ќе ги реализираме голем процент од ветувањата што ги дадовме пред граѓаните на Гостивар и дека сите дадени ветувања ќе се исполнат“, порачал меѓу другото Лимани.

На ова реагирале советниците од редовите на ДУИ. Велат дека Таравари побегнал од општината и ја оставил со долг од над 15 милиони евра.

„Најважно од се, општината останува потопена во најголемиот долг во историјата на своето постоење, кој покрива бројка од над 15 милиони евра, но кој реално може да биде и поголем“, изјавила Вјолца Бафтиу Зилбехари- советничка од редовите на ДУИ, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.

Се уште не е познато дали Лимани ќе биде кандидат за градоначалник на Гостивар со целосен мандат на наредните локални избори во 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…

Без срам власта е подготвена да ги…

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…

Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…

Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…