Тошковски – Јодер: Продлабочување на соработката со нашиот стратешки партнер САД
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамките на посетата на САД, како дел од владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО на кој се одбележува 75 години од постоење на Алијансата, оствари средба со Brandon P. Yoder, заменик помошник-секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL).
На состанокот беше разговарано за значајните аспекти на соработката со нашиот стратешки партнер САД, како и интеграцијата во Европската Унија, процес кој е од клучно значење за иднината на Македонија.
„Исто така, разговаравме и за системот за гранично управување и нашиот план за реформи во овој дел кои подразбираат и користење на технолошките достигнувања во насока на поефикасен надзор на зелената граница”, потенцираше министерот Тошковски.
Една од најважните теми на средбата беше и борбата против организираниот криминал и високата корупција и можностите за соработка во делот на обуки и јакнење на човечките и материјалните ресурси, со цел поуспешно справување со овие предизвици.
„Оваа средба беше одлична можност за потврда на нашата посветеност и продлабочување на соработката со САД, со цел постигнување на нашите стратешки цели и да обезбедиме безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани”, потенцира министерот Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…