Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување на инфекции со новата варијанта на Ковид-19

t

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење на новата варијанта на Ковид-19. Текот на инфекцијата е сличен на претходните варијанти, но инфекцијата станува полесна.

Министерството за здравство во Атина предупредува на нагло зголемување на случаите на зарази со новата варијанта на Ковид, наречена „Флерт“. Само за една недела во Грција се хоспитализирани 475 пациенти.

Министерот за здравство Георгиадис рече дека лекарите препорачуваат сите – а особено луѓето постари од 60 години – да се ревакцинираат.

Пратеникот од Националистичката партија Ники, кој е доктор, рече дека една од вакцините на пазарот има негативни нуспојави и според него вакцините не се безбедни.

„Со оваа изјава ризикувате животи на многу луѓе“, категорично демантираше министерот за здравство, пишува БНР.

Во однос на туристите, лекарите во Грција препорачуваат носење маски на места со гужва и често миење раце. А во случај на симптоми – итно тестирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…