Мицотакис: Најфундаменталниот аспект на Договорот Преспа е името Северна Македонија, мора да се користи и во внатре и надвор

t

Кога слушам дека новата Влада на Северна Македонија во внатрешноста на земјата се нарекува Република Македонија, тогаш сериозно сум загрижен и, секако, тоа е прашање што сакам да го покренам. Не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Македонија и е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека „Северна Македонија сега е земја-членка на НАТО, бидејќи Грција го тргна ветото по Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека е договор потпишан од претходната Влада, но го почитува бидејќи е „меѓународен договор што ја обврзува земјата“.

„Но, најфундаменталниот аспект на Договорот Преспа е името Северна Македонија кое мора да се користи секаде, и во внатрешноста и надвор. И за ова не се преговара, ова е јасно, се наоѓа во Договорот од Преспа и е нешто за кое Грција не преговара. Кога слушам дека новата Влада на Северна Македонија во внатрешноста на земјата се нарекува Република Македонија, тогаш сериозно сум загрижен и секако тоа е прашање што сакам да го покренам, не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Македонија, би рекол дека тоа е непотребна компликација во време кога сите би требало да бараат точки на конвергенција“, рече Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…