Пандов: Катица Јанева ја фативме дека не оди на работа, па затоа ја вративме во затворот во Идризово

t

Поранешнатaта Специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиени информации извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

Таа била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобоа.Таа има право повторно да побара, но со оглед дека го прекршила веќе нема да и биде дозволено-потврди за „Пресинг ТВ“ директорот на Управата Александар Пандов.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…