(Фото) Собрание или џамија – верски обреди и исламизација на македонскиот парламент
Повеќе од 200 години во развиениот Западен демократски свет важи правилото на поделба на државата и религијата, токму ваквата поделба има овозможено да просперираат мултиетнички и мултиконфесионални држави.
Токму овој принцип овозможува слободно практицирање на религијата на сите верски заедници во една модерна држава, религијата е лично право и може и секогаш мора да се практицира во своето слободно време надвор од работното место особено ако се работи за државен службеник, во ниту еден случај не е дозволено мешање на државата и религијата..
Во Македонија во 21 век во 2024 година наместо да се почитува овој принцип ние се враќаме во мрачните времиња од средниот век при што пред наши очи ни се случува исламизација на македонското Собрание.
Денес во организација на претседателот на Собранието, Африм Гаши се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница во Собранието.
Гаши од името на пратениците во Собранието и од негово лично име изрази искрено сочувство за жртвите на геноцидот во Сребреница до членовите на нивните семејства, до граѓаните и институциите на Босна и Херцеговина и до нашите сограѓани Бошњаци.
И сето тоа би било во ред доколку Африм Гаши, Мерсиха Смаиловиќ и истакнатиот член на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац не извршува верски обред среде една од салите во Собранието.

Гаши иницираше исламски обред, молитва со што дефакто беше прекршен еден од основните принципи и начела на Уставот за поделба на државата и религијата.
Гаши директно го прекрши Членот 19 од Уставот на Република Македонија кој гласи:
-Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи
се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.
Претседателот на Собранието не го испочитува нечлеото дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.
Се поставува прашањето што е следно воведување на шеријатско право?!
Ова не е прв пат Гаши да не го почитува Уставот на Република Македонија. Претходно Африм Гаши стана првиот претседател на македонското Собрание кој даде заклетва прво на албански, па потоа на македонски јазик на конститутивната седница.
Веднаш откако новото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ, го изгласа со 76 гласа „за“ и шестмина против, новиот собраниски спикер, повторувајќи по претседавачката на конститутивна седница Мерита Колчи Коџаџику, свечената изјава која ја почна на албански јазик, се заколна дека ќе ги почитува Уставот и законите, но токму тие беа прекршени со ваквиот чин.
Гаши не е првиот претседател Албанец на Собранието на Македонија. Тоа претходно во два наврати беше Талат Џафери кој и во 2017-та кога првпат беше избран и во 2020 година на неговиот реизбор заклетвата ја даде на македонски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…