Армиски, полициски хеликоптер и два ер-трактори денес ќе го гасат пожарот на Серта

t

Се уште гори на планината Серта во неготинско, а Кризниот штаб на Општина  Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

– Апелираме до месното население за поголема ажурност , следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до  ДЗС воздухопловна подршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа вечерва од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.

Ова општинско тело формирано откако избувна големиот пожар, вечерва одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР. Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот. Се најавува дека утре повторно ќе се гасне од земја и од воздух.

Како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хликопетер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два ер трактори кон Серта ќе полетаат во 10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запалена спортска обложувалница во Аеродром

Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…

Доцна вечерва избувна пожар во близина на…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…