Столтенберг: Украина може да се приклучи кон НАТО без одлагање
Русија останува најзначајна и директна закана за безбедноста на сојузниците, стои во заедничката декларација од Самитот во Вашингтон, во која сe вели дека Москва носи исклучива одговорност за војната во Украина. Доцна синоќа беше потврден пакетот тежок 43 милијарди долари помош за Киев. Земјата добива и околу педесет авиони Ф-16, повеќе системи за протввоздушна одбрана, вклучително и пет од системите „Патриот“. За членство во НАТО, Украина ќе треба да почека согласност од сите лидери и исполнување на сите реформи.
-Ова ќе биде добар знак и шанса да се продолжи поддршката, испраќајќи му порака на Путин дека не може да ја надживее војната, a исто така, да им испратиме порака на нашите украински пријатели дека можат да сметаат на нас. , изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија
Дека воената поддршка е единствен пат Украина да обезбеди мир, вели и шефот на Европската Унија за безбедносна политика, Жосеп Борел, кој престојува во Вашингтон.
-Ако ја запреме поддршката за Украина, војната сигурно ќе заврши. Ќе заврши брзо, но како? Со тоа што Украина ќе се предаде, ќе добие марионетска влада во Киев со украински народ столчен од агресорот. Дали е ова патот со кој сакаме крај на војната? Не. , вели Жосеп Борел, шеф на европската дипломатија.
Во завршната декларација на Самитот се најде и улогата на Кина, која Столтенберг ја посочи дека игра клучна улога во нелегалната војна на Русија против Украина. Кина е означена дека и пружа воено-техничка помош на Москва „како микро-електронски компоненти за двојна намена, што официјален Пекинг категорично го отфрли нарекувајќи го документот полн со лаги, клевети и со менталитет од Студената војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…