Не почна судењето за случајот со 26-годишната Сара, се бара изземање на обвинители и суди, ново рочиште на 1 декември
Судењето по обвинението за напад врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ. денеска не почна во Основниот суд во Охрид. Главната расправа беше одложена, а следното рочиште е закажано за 1 декември, пренесе Охрид Њуз.
Адвокатот на оштетената, Ѓоко Шаин, изјави дека одбраната на обвинетиот побарала изземање на јавниот обвинител назначен за предметот и на сите јавни обвинители од ОЈО Охрид. Според образложението дадено на рочиштето, барањето било доставено во охридското обвинителство непосредно пред почетокот на рочиштето. Додека по него не се произнесе непосредно повисокиот јавен обвинител, ниту еден обвинител од ОЈО Охрид не може да постапува по предметот.
Според Шаин, одбраната побарала и изземање на судијката Александра Поп Стефанија, на судијата Милчо Клишески и на претседателот на Основниот суд во Охрид, Бојан Мартиноски.
Барањето за изземање на судиите Поп Стефанија и Клишески беше одбиено. За барањето за изземање на претседателот на судот треба да се произнесе Апелациониот суд во Битола, рече Шаин.
Извор: Охрид Њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…
По вознемирувачкиот случај на физички и психички…