(Фото) Пожарот во Битола е под контрола, но има опасност од огнени трупци кои се тркалаат надолу да предизвикаат нов пожар
Во Битола пожарот е под контрола, информираат од ЦУК, а директорот Стојанче Ангелов вели дека нема потреба од интервенција од воздух.
– Пожарот кој што започна вчера во 16.00 ч. кај м.в. „Германски гробишта“,на ридот над населбата Баир во Битола се уште трае и се шири кон „Бел Камен“ и „Снегово“.Гори сува трева,грмушки и шума со мешовит состав. Зафатена е површина од околу 100 хектари.Засега не се загрозени населени места. Во текот на денот интервенирале: ТППЕ Битола со 35 пожарникари и 6 ПП возила,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари,ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 12 лица и ЈП „Водовод“од Битола со 10 лица и локално население. – соопштија од ЦУК.
Читатели на Инфомас утрово испратија нови фотографии од пожарот во Битола.

Во 22,00 ч.се одржа состанок на Кризниот штаб во Општина Битола на кој е одлучено во ноќните часови на терен да останат екипи од ТППЕ Битола,а во утринските часови на терен да излезат:ТППЕ Битола со 40 пожарникари ,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари, ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 10 лица , ЈП „Водовод“ од Битола со 15 лица ,ЈП Нискоградба со 10 лица, ЈП Комуналец со 15 лица и ЈП Стрежево со механизација.
Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За пожарот се известени сите субјекти од Системот а управување со кризи (СУК). Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија. – велат од ЦУК.
– Пожарот во Битола е под целосна контрола, се уште има жаришта, пожарникарите работат на догаснување, има опасност од огнени трупци кои се тркалаат надолу и може да предизвикаат ново горење. – вели Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…