Ако има место добро, ако не, здравје! МОН нема да обезбеди дополнителни легла за студентите поради затворањето на „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“
Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје е предвидено да трае 18 месеци, велат од МОН за Инфомакс. Министерството нема да обезбеди дополнителни легла, освен оние кои нема да се пополнат во ученичките домови, може да се заклучи од одговорот на МОН.
– Започнуваме процес на етапна реконструкција на државните студентски домови, а најпрво ќе бидат опфатени „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје. Додека трае реконструкцијата, која согласно договорот со изведувачот треба да заврши за 18 месеци, на заинтересираните студенти кои ќе се пријават на конкурс за користење на државни сместувачки капацитети, ќе им се понуди сместување во студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“, како и во дел од ученичките домови кои не се пополнуваа целосно во изминатите учебни години, велат од МОН на прашањето на Инфомакс дали МОН ќе обезбеди дополнителни легла за студентите кои нема да имаат можност да се сместат во студентските домови поради нагло намалениот капацитет за сместување по затворањето на двата студентски домови.
Детали за конкурсот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По укинување на факултетот на Мерко, можно…
По укинување на приватниот факултет за здравствени…
Ако има место добро, ако не, здравје!…
Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и…
Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и…
Според конкурсот за прием на студенти запишани…
Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно…
Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно…
Ќе се иселуваат ли во тек на…
Реновирањето на третата зграда од студентскиот дом…