(Видео) Протече снимка од разговор меѓу Трамп и Роберт Кенеди Јуниор по обидот за атентат
Американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди Јуниор по атентатот имал разговор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а снимката од разговорот случајно била објавена на социјалните мрежи.
Во разговорот се слуша како Трамп детално објаснува како го погодил куршум, но и раскажува за што разговарал со Бајден.
„Ми се јави и му кажав дека во тој момент ја гледам табелата. Не му кажав дека графиконот покажува имиграција под негова администрација. Само што се свртев кон табелата и нешто ме погоди, како најголемиот комарец на светот“, рече Трамп.
Тој додаде дека Томас Метју Крукс користел сериозно оружје, пушка АР-15.
Кенеди му се извини на поранешниот американски претседател и рече дека видеото не требало да биде објавено. Тој изјавил дека повикот дошол додека бил со камерманот и дека требало да му каже да престане да снима, пренесува АП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…